Вагнерците се подготвени да убиваат Руси ако им нареди манијакот Пригожин тврди руски воен блогер

Од:

Поранешниот агент на ФСБ и руски воен блогер Игор Гиркин, познат и како Игор Стрелков, предупреди дека членовите на приватната воена компанија „Вагнер“ нема да се двоумат да убиваат Руси доколку тоа им биде наредено од нивниот лидер Евгениј Пригожин. Вагнерците минатиот месец започнаа краткотраен вооружен бунт против руското воено раководство.

Пригожин потоа ги обвини редовните руски сили дека ги напаѓаат позициите на Вагнер во Украина. За време на бунтот, Вагнерците зазедоа воени локации во Ростов-на-Дон и се упатија кон Москва. Сепак, сè набрзо заврши благодарение на договорот со посредство на белорускиот претседател Александар Лукашенко.

Вчера, Стрелков на својот канал Телеграм напиша дека за време на бунтот, Вагнерците „совршено ја покажале својата подготвеност“ во иднина да ги „убиваат своите сограѓани“ во согласност со наредбите на „манијакот (Пригожин)“, пренесува Newsweek.

„слоганите на таканаречениот „Марш на правдата“ станаа референтна точка во понатамошното постоење на овој Вагнер, а оние сили што останаа во гореспоменатата нелегална вооружена формација под команда на (Пригожин) се истите предавници на Русијтаков каков што е тој“, изјави влијателниот блогер.

„Тоа е точно исто. „Приватната армија“ на Пригожин нема морално право да се смета себеси за бранител на татковината. Стрелков истакна дека Вагнер „не претрпел ни најмала казна“ за неуспешниот бунт против Русија.

Би можело да ве интересира

Русите погодиле воз: Министерството соопшти дека имало западна воена опрема

Русите уапсија двајца нивни војници за грозоморни злосторства

Катерина Ѓуровски

Руски шпиони ја бараат рутата по која во Украина стигнува оружје

Катерина Ѓуровски

Американскиот Конгрес одобри помош за Украина

Русија бомбардирала свој град: по грешка погодена Белгородската област

ВИДЕО: Во руски напад урната ТВ кулата во Харков