Уставниот суд на Шпанија го прогласи за противуставен референдумот во Каталонија

Од:

Уставниот суд на Шпанија денеска го прогласи за противуставен референдумот во Каталонија одржан на 9 ноември за независноста на оваа шпанска автономна област, јави ТАСС.

На 9 ноември минатата година жителите на Каталонија учествуваа во референдум, на кој требаше да одговорат на две прашања. Прво дали сакаат Каталонија да биде независна држава и второто прашање, во случај на позитивен одговор дали државата треба да биде независна.

На референдумот учествуваа 2,3 милиони луѓе, одноно околу 30 отсто од лицата со право на глас. Од нив 80,76 проценти одговорија позитивно на двете прашања.

Референдумот беше спроведен откако Парламентот на Каталонија освои закон за него. Шпанските власти прашањето го поставија пред Уставниот суд, кој денеска одговори дека парламентот на автономната област нема право да усвојува закони за спроведување на референдум по прашања од национално значење.

Би можело да ве интересира

Шпанскиот парламент донесе одлука за амнестија на организаторите на референдумот во Каталонија

Каталонија воведува ограничувања на водата поради сушата

Горан Наумовски

Каталонците излегоа на демонстрации на петгодишнината од референдумот за независност

Ана Ололовска

Каталонија сака нов референдум, но со согласност на Мадрид

Ана Ололовска

Десетици илјади Каталонци побараа независност од Шпанија

Ана Ололовска

Мадрид бара од ЕП да го направи каталонскиот прв регионален јазик во официјална употреба