Условен договор за извоз на дел од иранскиот ураниум во Русија

Од:

Иран и САД постигнаа условен договор околу формулата за која Вашингтон верува дека ќе ја намали способноста на Техеран да прави нуклеарно оружје, бидејќи со неа се предвидува извоз на значителен дел од збогатениот ураниум во Русија.

Ова го соопштија двајца дипломати, блиски до преговорите за иранската нуклеарна прграма, кои побараа да останат анонимни, јавува Танјуг, повикувајќи се на западните агенции.

Како уште еден знак на напредок, двајцата дипломати истакнуваат дека за време на декемвриските преговори меѓу Иран и шестте светски сили, првпат е направен каталог во кој се назначени области за потенцијален договор и различни пристапи по останатите спорни прашања.

Иран негира дека сака да направи нуклеарно оружје, тврдејќи дека неговата нуклеарна програма има исклучиво мирнодопски цели, но сепак преговара со САД, Русија, Кина, Велика Британија, Франција и Германија за намалување на таа програма заради санкциите од Западот кои штетат на иранската економија.

Двајцата неименувани дипломати велат дека се уште постои спор околу тоа колкави залихи збогатен ураниум ќе му бидат оставени на Иран. Западните аналитичари проценуваат дека сегашните залихи се доволни за изработка на неколку атомски бомби, а Вашингтон бара овие залихи да бидат значително помали.

Преговорите меѓу Иран и Шесторката продолжуваат на 15 јануари во Женева.

Би можело да ве интересира

Врховниот лидер на Иран: Покажавме моќ во нападот врз Израел

Орце Костов

ВИДЕО: Воздушен напад во Ирак, експлозии во база на проиранската милиција

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Иранската државна телевизија IRIB ги минимизираше извештаите за израелскиот напад

Иран: Немаше ракетен напад, соборивме израелски беспилотни летала

Горан Наумовски

ABC News: Израелски проектили погодија локација во Иран

Нов состанок на воениот кабинет на Израел