Уште една жртва на демонстрациите во Турција

Од:

Во турскиот град Адана денеска почина полицаецот кој вчера настрада во судир со демонстрантите.

Дел од турските медиуми објавија дека полицаецот при растерувањето на демонстрантите паднал од надвозник висок пет метри. Лекарите во болницата констатирале мозочна смрт.

Тој денеска почина без да се разбуди од кома. Во Адана синоќа околу 5.000 луѓе демонстрираа и фрлаа камења врз полицијата.

Судирите почнале кога полицијата употреби солзавец и водени топови. Полицијата поради протестите привеле 25 луѓе.

Би можело да ве интересира

Турција: Едно лице е тешко повредено во експлозија во зграда

Спасени сите кои беа заробени на жичарницата во Анталија

А1он

На протестите во Турција загина маж, четири лица се повредени

Откриена причината за пожарот во ноќен клуб во Истанбул во кој загинаа 29 лица

(ВИДЕО) Голем пожар во Истанбул, најмалку 15 загинати

Горан Наумовски

ЕУ воведе забрана за летови на турската „Саутвинд Ерлајнс“ поради врски со Русија

Горан Наумовски