Во Индонезија на смрт е осуден уште еден странец, кој чверцувал дрога.
Пресудата била изречена минатиот петок, а е објавена денеска.
Осудениот Вонг Чи Пинг, државјанин на Хонг Конг, во јануари годинава е уапсен во обид да внесе 860 килограми метамфетамин таблети во Индонезија, што е и најголемо количество синтетичка дрога откриено во земјата во последните пет години.
Вонг бил на чело на меѓународен синџир за шверц на дрога, а истрагата на полицијата околу неговите активности траела три години.
Како црн хумор денеска медиумите во Џакарта пишуваат дека нарко дилерот е откриен во голем шверц токму во времето кога во Индонезија беше извршувана смртната казна на 16 дилер, од кои 11 беа странски државјани.
Обвинителството во Џакарта докажало дека Вонг Чи Пинг бил на чело на групата која од Хонг Конг, во пакувања за кафе, шверцувала синтетички дроги. Вредноста на последната пратка била над 75 милиони долари.
Користењето на наркотици се смета за национално зло во Индонезија. Во оваа голема држава има над 4,6 регистрирани корисници на наркотици, а од прекумерна употреба месечно умираат по 150 до 200 зависници.
Претходната и сегашната власт во Индонезија ги одбиваат сите надворешни притисоци да ги ублажат казните за нарко дилерите. Во последниве три години на смрт се осудени речиси 200 дилери, од кои седумдесет се странци. Извршувањето на смртна казна над државјани на Холандија и Австралија предизвикаа повлекување на амбасадорите на тие земји од Џакарта.