Светската здравствена организација соопшти дека уште две лица починале од короновирусот, кој се шири во регионот на Блискиот Исток.
Најновите жртви се 66-годишен маж од Тунис и 56-годишна жена од Катар.
Според последните податоци на СЗО досега 52 лица од вкупно 110 заболени починале од вирусот, кој предизвикува респираторни проблеми, пвнемонија и проблеми со бубрезите. Најзасегната од вирусот е Саудиска Арабија.
Новиот вирус, кој СЗО го нарече „блискоисточен респираторен синдром (БИРС), е од истиот тип, како и ТОРС (тежок остар респираторен синдром), од кој починаа над 800 лица во целиот свет во 2003 година.