Уште четири лица починаа од птичји грип во Либија

Од:

Во Либија во текот на последните неколку дена од птичји грип умреле четири лица, соопшти вчера министерот за здравство на меѓународно признатата влада на оваа земја Рида ал-Авкали.

Министерот Ал-Аквали додаде и дека петото лице, за кое има сомненија дека е заразено со вирусот од птичји грип, се наоѓа во болницата во градот Тобрук, на исток од земјата.

Во главниот град Триполи, од птичји грип умреа три лица, додека уште четири лица починаа во Тобрук, додаде Авкали.

Тобрук се наоѓа на границата со Египет, каде оваа година, од птичји грип умреа осуммина, ги пренесуваат француските медиуми податоците од властите во Каиро.

Авкали изјави дека утре ќе го посети Тобрук, а потоа ќе отпатува во Египет, каде ќе се состане со експертите од Светската здравствена организација (СЗО), кои ги следат различните форми на вирусот на птичји грип.

Варијантата на вирусот Х5Н1 во 2003 година, кога првпат се појави птичјиот грип, однесе најмалку 400 животи, од кои повеќето беа од југоисточна Азија.

Втората форма на овој вирус Х7Н9, од 2013 досега однесе 170 животи.

Првиот случај на птичји грип во Либија беше забележен на живинарска фарма во Тобрук во март, но тогаш не се прошири меѓу луѓето.

Би можело да ве интересира

Жена во Кина почина од комбинирани соеви на птичји грип

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Драматичнa ситуација во Дерна: Илјадници трупови се распаѓаат под урнатините

На плажа во либискиот град Дерна пронајдени се 400 тела

(ВИДЕО) Морето исфрла тела на жртви од Дерна стотици километри подалеку

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Се стравува дека во Либија загинале 20.000 луѓе: „Бранот од седум метри урна згради во морето“

Уништените брани кои ја предизвикаа катастрофата во Либија ги изградија југословенски компании