УСАИД ја укинува помошта за Палестинците во Газа

Од:

Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД) ја укина помошта за Палестниците на Западниот брег и Појасот Газа.

Одлуката е поврзана со рокот од 31 јануари кој е дел од новиот американски закон според кој сите странски приматели на американска помош би можеле да бидат предмет на антитерористички тужби. Во истиот рок истече и помошта од 60 милиони долари за палестинските безбедносни сили, чија сорботка со израелските сили помогна во одржување на релативен мир на Западниот брег.

Конгресниот Антитерористички акт им дава овластување на Американците да поведуваат постапки пред американски судови против приматели на помош поради наводно учество во воени дејствија.

Никакви мерки не се преземени за затварање на мисијата на УСАИД на палестинските територии.

Би можело да ве интересира

Хезболах ги отфрли причините за продолжување на рокот за повлекување на израелските војници

Израелската влада објави фотографии од средбата на заложничките со нивните мајки

Израел ги презеде трите заложнички од Газа, луѓето радосни на двете страни

Предраг Петровиќ

Нетанјаху потврди: Примирјето стапи на сила

Нетанјаху: Договор засега не е постигнат

Најмалку 13 лица, меѓу кои две деца, загинаа во израелските напади врз Газа