Уругвај: Најсиромашниот претседател на светот

Од:

Претседателот на Уругвај Хозе Мухика важи за најскромниот претседател на светот. Тој од својата плата која изнесува 12.500 долари, за себе задржува 1.250 долари, а останатото го дава во добротворни цели поради што го добил прекарот „најсиромашниот претседател на светот“.

„Задоволен сум со оваа сума бидејќи во Уругвај многумина живеат со многу помалку“, вели Мухика, кој истото да го направи го побара и од својата сопруга.

Брачниот пар живее на фарма во Монтевидео, а негобиот најголем „удар“ на државниот буџет беше купувањето на „фолксваген буба“ во вредност од 1.945 долари.

Мухика претседателската палата ја користи само за состаноци и средби со државниците, но во текот на ладните денови таму се сместуваат бездомниците и нивните семејства.

Тој се има докажано и во борбата против корупцијата. Уругвај, има најмала стапка на корупција во Јужна Америка, а Мухика тврди дека не го интересираат неверојатните суми или банкарските сметки бидејќи највредното што го има не може да се купи со пари. Станува збор за неговото куче Мануели.

Мухика може да се пофали и дека неговиот Уругвај е трет по развиеност на континентот и една од ретките држави кои успеаа да ја избегнат рецесијата и да задржат позитивна стапка на раст.

Оваа година, Мухика се одлучи да тргне кон легализација на продажбата на марихуаната, под контрола на државата за да може борбата против злосторствата поврзани со трговијата со дрога биде поефикасна. Тој истото ќе го бара и од светските лидери.

Би можело да ве интересира

Во Уругвај и Аргентина: 16 загинати во силно невреме

Поради сушата во Уругвај, милиони граѓани останаа без вода за пиење

Црногорците кои беа уапсени во Уругвај со 489 килограми кокаин добија притвор до 120 дена

Горан Наумовски

Црногорци во Уругвај се притворени поради шверц на кокаин

Уругвај: Уапсени четири лица по заплена на 6 тони кокаин

Ана Ололовска

Втор круг претседателски избори во Уругвај