Урсула фон дер Лајен: Договорите се потпишани и мора да се почитуваат

Од:

Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, ги отфрли заканите на американскиот претседател Доналд Трамп за зголемување на царините за европските автомобили, предупредувајќи го Вашингтон да се држи до трговскиот договор постигнат со Брисел.

За прв пат откако Трамп објави дека ќе воведе царини од 25 проценти за автомобили произведени во ЕУ, фон дер Лајен рече дека „договорот е договор“, објави Politico.eu.

„Договорот е договор. Имаме договор, а суштината на тој договор е просперитет, заеднички правила и сигурност“, рече фон дер Лајен.

Претседателката на Европската комисија додаде дека „САД имаат обврска“ и рече дека „ЕУ е подготвена за секаков сценарио“.

Најновите закани на Трамп со царини претставуваат остра ескалација на веќе напнатите трговски односи меѓу Вашингтон и Брисел.

Претседателот на Европскиот совет, Антонио Коста, рече дека лидерите на ЕУ „целосно го поддржуваат одговорот на ЕК на најновата трговска закана на Трамп“.

Францускиот претседател Емануел Макрон јасно ја искажа таа поддршка на посебна прес-конференција во Ереван со ерменскиот премиер Никол Пашинјан.

„Договорите се потпишани и мора да се почитуваат бидејќи доколку бидат доведени во прашање, сè ќе биде повторно отворено. Доколку на некоја земја ѝ се закануваат нови царини, ЕУ има механизми да одговори и треба да ги користи бидејќи за тоа се наменети“, рече Макрон, додавајќи дека блиските сојузници како Брисел и Вашингтон „имаат многу попаметни работи да направат отколку да упатуваат закани што водат до дестабилизација“.

По шокантната најава на Трамп, ЕК првично избегна директна конфронтација со Белата куќа, објавувајќи само дека ЕУ ќе ги остави сите опции отворени.

Би можело да ве интересира

Трамп нуди поволности за Москва во мировниот договор за Украина

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Трамп веќе отворено ја брани Русија, Зеленски вели загубил територија и океани

Трамп сака свој океан, но „Гугл“ го одби барањето

Дмитриев: Одлуката на САД за суспендирање на санкциите против Русија е важен историски момент

Горан Наумовски

Трамп ги укина санкциите и царините кон Русија

Портпаролката на Трамп призна дека паднала на правосудниот испит