Уредник на весник е под истрага од египетските власти заради наводни навреди спрема претседателот

Од:

Уредник на весник во Каиро е под истрага од египетските власти и е осомничен наводно за навреди спрема претседателот Мохамед Морси.

Вчера почна истрага против египетскиот сатиричар Абдел Халим Кандил, уредник на весникот Саут ал Ума и критичар на Морси. Одлуката за истрага е дадена од државниот обвинител Талаат Ибрахим.

Во моментот, Обвинителството разгледува жалби од Кабинетот на претседателот против водечкиот независен весник Ал Масри ал Јум.Претходно, на интернет-страницата, тој весник објави дека Морси го псоетил во болница поранешниот претседател Хосни Мубарак.

Би можело да ве интересира

Египет бара формирање независна држава Палестина

Ирак испраќа танкер со гориво во Египет за да и помогне на Газа

Горан Наумовски

Предвреме родените бебиња од Газа стигнаа во Египет

Египет: Го одржуваме граничниот премин Рафах отворен, Израел ја блокира помошта

Катерина Ѓуровски

Египет и Јордан бараат итен прекин на огнот, за САД тоа само ќе го остави Хамас на власт

(ВИДЕО) Египет ја крена рампата: од Газа излегуваат странски државјани и тешко повредени

Катерина Ѓуровски