УНИЦЕФ: Поради пандемијата со Ковид-19 децата се помалку се вакцинираат

Од:

УНИЦЕФ предупреди дека за време на пандемијата на коронавирусот, кога движењето е ограничено на милијарди луѓе, се спречува рутинско вакцинирање на многу деца и последиците би можеле да бидат особено тешки за најсиромашните, кои живеат во конфликтни земји или погодени од природни катастрофи.

„Поради ограничувањата во движењето, родителите одлучуваат да ги одложат рутинските вакцинирања во време на недостиг од медицински производи и проблеми со транспортот“, наведе во соопштение директорот на УНИЦЕФ, Хенриета Форе.

„Најпогодени се децата од најсиромашните семејства од земји во конфликт или погодени од природни непогоди“, додаде таа, истакнувајќи дека е „особено загрижена за ситуацијата во Авганистан, Демократска Република Конго, Сомалија, Филипините, Сирија и Јужен Судан“.

„Во таква ситуација, тие земји не можат да си дозволат да се справат со нови епидемии на болести што може да се избегнат од вакцинирање“, истакна Форе, повикувајќи ги сите влади „веднаш да започнат со планирање за интензивирање на вакцинацијата веднаш штом пандемијата со Ковид-19 биде ставена под контрола“.

Би можело да ве интересира

Полицијата пронајде две мали деца на улица, децата им се предадени на родителите

Горан Наумовски

Секое трето дете во земјава живее во сиромаштија

Катерина Ѓуровски

ТикТок повторно на мета: Поднесена уште една тужба за собирање податоци за деца

A1on

Децата се 70 отсто од жртвите на трговија со луѓе во Македонија

Катерина Ѓуровски

УНИЦЕФ ги повика талибанците да дозволат девојчињата да се вратат на училиште

Америка до Израел: Ако е вистина дека се убиени 14 деца, тие не се терористи

A1on