УНХЦР: Затворањето на границите е нехумано

Од:

Високиот комесаријат на Обединетите нации за бегалци (УНХЦР) денеска соопшти дека затворањето на границите во Европа за да бидат запрени мигрантите, е нехумано.

Затворањето на границите на Балканот и контроверзниот договор меѓу Турција и Европската унија доведоа до драстично намалување на бројот на луѓе кои годинава влегоа во Европа, откако минатата година пристигнаа околу еден милион луѓе.

– Многу луѓе се удираат в гради и кажуваат дека договорот функционира, дека луѓето ќе престанат да доаѓаат. Но, тоа не е се. Тоа го враќа проблемот назад и проблемот се уште не е решен, изјави портпаролката на УНХЦР, Мелиса Флеминг по првиот Светски самит за хуманитарни прашања во Истанбул.

Таа додаде дека  затворањето на границите е нехумано.

Би можело да ве интересира

Гевгеличанец и пакистанец шверцувале Kинези во Македонија

Анита Петровска Рајковиќ

Орбан: Закован е уште еден клинец во ковчегот на Европската унија

Група од 29 мигранти се спасени од брод во близина на брегот на Крит во Средоземното Море

(ВИДЕО) Пресметка меѓу мигрантите и Националната гарда на Тексас кај Ел Пасо

(ВИДЕО) Уапсена е банда која криумчарела мигранти

Бојмацалиев: Намалена илегална миграција за 50 отсто