УНХЦР повика на хармонизација на политиката на азил во земјите од ЕУ

Од:

Се очекува дека најмалку 850 илјади лица ќе го поминат Медитеранот барајќи засолниште во Европа оваа и следната година, проценува Високиот комесаријат на Обединетите нации за бегалци (УНХЦР), кој повика на хармонизација на политиката на азил во земјите-членки на Европската унија поради се поголемиот број бегалци, кои пристигнуваат во Европа.

Стотици бегалци ги загубија животите во море, бидејќи биле принудени од Сирија да тргнат на пат поради интензивните борби, кои таму се водат и поради влошувањето на условите за бегалците во земјите околу Сирија поради дефицит на финансирање на хуманитарни програми, нагласува УНХЦР.

Во 2015 година УНХЦР предвиде околу 400 илјади бегалци, кои ќе бараат заштита во Европа, откако го минале Медитеранот, а за следната година таа бројка би можела да достигне над 450 илјади.

Портпаролот на УНХЦР Вилијам Спиндлер истакна дека предвидувањата за оваа година се блиску до исполнувањето со 366 илјади, кои веќе пристигнале, а вкупната бројка ќе зависи од тоа дали ќе се намали бранот на бегалци со доаѓањето на студеното време, поради што Средоземното Море ќе биде поопасно за патување.

Засега податоците покажуваат дека нема успорување, а за тоа придонесуваат и постојаните изјави од Германија дека ќе ги олесни барањата за азил за Сиријците, кога прв пат ќе стигнат во ЕУ, преку други европски земји.

Високиот комесар за бегалци Антонио Гутереш повика на пролагодување на законските можности за бегалците да пристигнат во Европа, како што се зголемување на бројот на влезните визи и начините тие луѓе да се поврзат со своите семејства.

Би можело да ве интересира

ЕУ постигна договор за промена на системот за азил

Русинката која беше уапсена во Албанија поради шпионажа поднесе барање за азил

Зголемен бројот на баратели на азил во Холандија

А1он

Рекорден број поднесени барања за азил во Германија

ЕУ очекува раст на бројот баратели на азил во државите на Унијата

Ана Ололовска

Бројот на луѓе кои бараат азил во Европа достигна највисоко ниво во последните шест години

Ана Ололовска