УНХЦР: Најмалку 800 мигранти се удавија во текот на изминатата седмица

Од:

Најмалку 800 мигранти се удавија во текот на изминатата седмица во обид да го преминат Средоземното Море, соопшти денеска агенцијата на Обединетите нации за бегалци.

Во соопштението на УНХЦР се наведува дека оваа година „се покажала како исклучително смртоносна“, бидејќи од почетокот на годинава во бродоломи и превртени чамци се удавија 2.510 лица, пренесува Танјуг.

За споредба, во истиот период минатата година во слични инциденти настрадаа 1.855 мигранти, покажуваат податоците на УНХЦР.

– Криумчарите во моментов качуваат луѓе на чамци кои не се прилагодени за пловидба. Се случува чамецот да заплови и веднаш да дојде до тонење, па потоа ги повикуваат спасувачите да ги спасуваат мигрантите, изјави портпаролот на УНХЦР, Вилијам Спиндлер.

Би можело да ве интересира

Гевгеличанец и пакистанец шверцувале Kинези во Македонија

Анита Петровска Рајковиќ

Орбан: Закован е уште еден клинец во ковчегот на Европската унија

Група од 29 мигранти се спасени од брод во близина на брегот на Крит во Средоземното Море

(ВИДЕО) Пресметка меѓу мигрантите и Националната гарда на Тексас кај Ел Пасо

(ВИДЕО) Уапсена е банда која криумчарела мигранти

Бојмацалиев: Намалена илегална миграција за 50 отсто