Унгарија нема да го уапси Путин ако влезе во земјата

Од:

Унгарија не би го уапсила рускиот претседател Владимир Путин доколку влезе во земјата, изјави денеска шефот на кабинетот на премиерот Виктор Орбан, појаснувајќи дека за тоа нема правна основа.

Унгарија го потпиша и ратификуваше Римскиот статут за основање на Меѓународниот кривичен суд (МКС). Судот во петокот издаде налог за апсење на Путин, обвинувајќи го за воено злосторство илегално депортирање на стотици деца од Украина.

На прашањето дали Путин ќе биде уапсен доколку дојде во Унгарија, Гергели Гуљас рече дека Римскиот статут не е инкорпориран во унгарскиот правен систем.

„Можеме да се повикаме на унгарскиот закон и врз основа на тоа не можеме да го уапсиме рускиот претседател бидејќи статутот на МКС не стапил на сила во Унгарија“, рече Гуљас.

Тој, исто така, рече дека владата не зазела став за налогот за апсење на Путин. „Ваквите одлуки не се најсреќни бидејќи придонесуваат за понатамошна ескалација на конфликтот, а не за мир. Тоа е мое мислење“, додаде Гуљас.

Путин, само третиот претседател по кој МКС издаде налог за апсење, најверојатно нема наскоро да заврши на суд. Но, тој може да биде уапсен и испратен во Хаг доколку пристигне во кој било член на МКС.

Би можело да ве интересира

Путин за моќното оружје: Температурата на боевата глава е иста како температурата на површината на Сонцето

Предраг Петровиќ

Мусаев: Со кодно име – „Краснов“, Трамп е руски шпион

Предраг Петровиќ

Медиуми: Путин и Доналд Трамп ќе се сретнат во Москва на 9 мај

Горан Наумовски

Состанок меѓу Трамп и Путин ќе има само ако има реален напредок во преговорите за мир

Катерина Ѓуровски

Разузнавачите тврдат: Путин сака да ја контролира цела Украина

Трамп: Можна е средба со Путин овој месец