Унгарија е против забраната за увоз на руски гас и нафта

Од:

Унгарија продолжува да се спротивставува на идејата ЕУ да го забрани увозот на руски гас и нафта, изјави портпаролот на унгарската влада Золтан Ковач.

„Позицијата на Унгарија за какво било ембарго за увоз на гас и нафта не е променета. Ние не ја поддржуваме идејата“, изјави Ковач за Ројтерс.

Европската унија треба да објави забрана за увоз на руска нафта како дел од новиот пакет санкции, за кој се разговара оваа недела.

Неколку дипломати рекоа дека забраната за увоз на нафта стана остварлива опција по пресвртот на Германија, која претходно изјави дека таквата мерка ќе и нанесе премногу штета на германската економија. Сепак, одлуката за забрана за увоз на руска нафта на ниво на ЕУ не може да се донесе без согласност на сите земји членки на ЕУ.

Би можело да ве интересира

Руската одбрана уништи украински беспилотни летала над Русија

„Њујорк тајмс“: Бројот на Севернокорејци во Курск е преполовен

Орбан: Будимпешта нема проблем со „филозофијата на санкции“ кон Русија

Песков: Русија сака Србија да ги реши сите проблеми што е можно поскоро и да се врати на мирен развој

Медиуми: На Велигден ќе се прогласи крај на војната во Украина

(ВИДЕО) Часив Јар падна во рацете на руската војска по долга опсада

Горан Наумовски