УНЕСКО ја осуди политиката на Израел во Ерусалим

Од:

Организацијата за образование, наука и култура при Обединетите Нации (УНЕСКО) усвои резолуција со која се осудува израелската политика во Источен Ерусалим и окупираниот Појас Газа.

Како што наведува палестинскиот весник Ал-Кудс, во документот, Израел е оквалификуван како „окупаторска сила” која нема суверенитет над Источен Ерусалим и дека активностите на Израелците го менуваат карактерот и статусот на Светиот Град, пренесува ФЕНА.

Резолуцијата ја прифатиле 22 земји, 10 биле против, а 23 воздржани.

Палестинскиот министер за надворешни работи Ријад Малки ја поздрави оваа Резолуција, додека пак, израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху ја наече „апсурдна”.

Резолуцијата предложена од неколку арапски земји, е сепак поумерена од онаа на УНЕСКО од минатата година, во која неколку локации се споменуваат со нивните исламски називи, а израелските се игнорираат.

Би можело да ве интересира

Ганц: Нетанјаху го одби советот порано да влезе во Рафах

Горан Наумовски

Израел: Демонстрантите бараат итен договор за заложниците

Пронајдено телото на Шани Лук

Предраг Петровиќ

13 земји испратија предупредувачко писмо до Израел

Катерина Ѓуровски

Израел мора да увезе повеќе од 300.000 странски работници поради војната во Газа

(ВИДЕО) Протести во Тел Авив, се бара ослободување на заложниците: Владата нема поим што прави