УНЕСКО изгласа резолуција за зачувување на палестинското културно наследство во Источен Ерусалим

Од:

И покрај спротиставувањето на Израел, УНЕСКО денеска ја изгласа резолуцијата, поднесена од арапските држави, за зачувување на палестинсклото културно наследство во Источен Ерусалим.

За резолуцијата, предложена од Алжир, Египет, Либан, Мароко, Оман, Катар и Судан, гласаа 58 земји-членки на Извршниот совет на УНЕСКО на пленарната седница. Ниту една земја од Извршниот совет не побара обнова на дебата.

Одобрувањето на предлог-резолуцијата ид Комисијара на УНЕСКО минатата недела предизвика протест од страна на Израел, според кој се негира вековната поврзаност меѓу Ерусалим и Евреите,

Во знак на протест Израел го замрзна членството во УНЕСКО.

Палестинците изразија задоволство од изгласување на резолуцијата.

– Резулуцијата е потврда дека Израел е окупациска сила во Источен Ерусалим и тежнее да се прекине злоупотребите, истакна палестинскиот заменик-амбасадор во УНЕСКО, Мунир Анастас.

Би можело да ве интересира

Македонија испрати лажен извештај во УНЕСКО: Државата сокри дека не е урнат хотелот во Лагадин

A1on

Министерката Стефоска и градоначалникот Пецаков за зачувување на статусот на Охридскиот регион во УНЕСКО

А1он

УНЕСКО донесе прв меѓународен документ за вештачка интелигенција

А1он

Владата ја усвои Информацијата за номинирање на Длабока Река на Прелиминарната листа на УНЕСКО

А1он

Милчин до Адеми: Како не ти е срам, пицеријата кај чинарот е скала?

Татјана Ташкова

Во Охрид почнуваат активности по препораките од УНЕСКО