Додека Абу Омар се движеше кон џамијата во Милано каде бил имамот, агенти на американската Централна разузнавачка агенција ЦИА, во заедничка акција со италијанските служби за безбедност го нападнаа со бибер спреј и го пикнаа во комбе.
Со американски воен авион Омар бил префрлен од базата Авиано во Египет, каде четири години бил притворен без судење. Тврди дека за тоа време бил испитуван, мачен со струја и злоставуван.
Матни, лошо фотокопирани копии од пасоши на шест агенти на ЦИА барани поради киднапирањето на Омар во февруари 2003 година, сега се дел од единствената изложба на која уметниците сакаат да ја обелоденат тајната на делувањето на американскиот безбедносен апарат.
Изложбата Тајна операција: Истражување на познати непознаници, е отворена во Музејот на современа уметност во Сктосдеил во Аризона.
Пресудите на избеганите агенти
Делата на 13 уметници прикажуваат свет на таинствени летови, беспилотни летала, сателити за шпионирање, погранична технологија и профилирање на терористи, кое е развиено по нападот на САД на 11 септември 2001 година.
Тревор Паглен наводно индиректно дошол до копии на пасошите кои се репродуцирани на изложбата – во хотели каде наводните агенти престојувале во Италија, откако миланската полиција заклучила каде се движеле истражувајќи ги телефонските повици и банкарските трансакции, хотелските сметки и патните докуметни.
Оваа истрага довела до пресуди во отсутност против повеќе од 20 американски агенти. – Сите овие уметници преземале тешка одговорност, тоа што е невидливо за нас останатите да го направат видливо – напишала кустос Клер Ц. Картер во воведот на каталогот на изложбата.
– Да се биде визуелен сведок може да биде поуспешо од илјадници зборови.
Уметниците како Паглен користеле разни алатки, како Законот за слобода на информирање, државниот архив и упорни истражувања, за да откријат некои тајни активности на власта, вклучувајќи и запрепастувачки грешки во неделите пред нападот на 11 септември.
Концептуалниот уметник Холзер репродуцирал извештај кој агентот на ФБИ од Феникс Кен Вилијамс го пратил на своите претпоставени, а чии делови се зацрнети.
Вилијамс во извештајот предупредил дека постои можност Осама бин Ладен да праќал студенти во американските училишта за летање, а кои во иднина би можеле да изведуваат терористички активности против целите на цивилната авијација.
Во извештајот се наведува подготовката на истрагата против Закарије Мустафа Соубра од Прескот во Аризона, студент по летање познат поради врската со Ал Каеда.
Извештајот на Вилијамс, според кој властите не делувале, подоцна станал клучен доказ на Комисијата за нападите на 11 септември, во делот кој се однесува на неспречување на нападот.
Холзер го претставува овој извештај во седум панели во уметничкиот дел наречен Феникс, жолто и бело.
Користејќи ја фотографијата, Паглен, уметник, географ и писател, ја истражува врската меѓу тајната држава и видливиот свет.
Фотографијата со бела линија која пресекува ѕвездено ноќно небо, претставува краткотраен лак Лакрос-Оникс 2, извиднички сателит кој може да гледа низ облаците.
Постоењето на оваа технологија било тајно до 2008 година.
Неговата работа Без наслов на прв поглед е импресионистичка фотографија на гримизно-виолетов самрак снимена до воздушната база Крич во Невада. Ако се приближиме на таа фотографија, можно е да се види речиси невидливото беспилотно летало МQ-9 Рипер, кое се користи во Авганистан, Пакистан и други зони на судири.
Американските цариници и граничари исто така го користат за надзор на копнените и морски граници. Напорите на службата за државна безбедност прикажани се во снимките на инфраструктурата која е подигната покрај порозната југозападна граница по нападите на 11 септември.
На една од фотографиите, која ја снимил Дејвид Тејлор, агент од граничната полиција со пушка во рака, гледа во двајца луѓе низ дупка од корозираната погранична ограда.
На друга, агент стои над метален сандак наполнет со електронски уреди, поврзани со сеизмолошки сензор кој е дизајниран да предупреди на чекори на бегалци од Мексико.
– На многу начини, безбедносниот момент по 11 септември, е овој чин кој ги дефинира обидите на обезбедување на границата – рекол Тејлор, кој ја снимал инфраструктурата од Калифорнија до Тексас.
Таа апстрактност на бирократските преговори навистина оживува во реалниот свет.
Освен граничните напади, тајните тимови на ЦИА и беспилотните летала Хантер вооружени со ракети Хелфаер, американскиот безбедносен апарат исто така обрнал внимание на лоцирањето на внатрешните непријатели – а тоа е тама која американскиот уметник роден во Бангладеш, Хасан Елахи, ја познава од лично искуство.
Уметникот е ставен на листата на надзор на терористи
Во јуни во 2002 година, додека овој мултимедијален уметник се враќал од Холандија, ФБИ го запрел на аеродромот во Детроит.
Испитуван бил девет пати по ред, подвргнат на детектор за лаги, откако по дојава за грешка бил идентификуван како Арап кој ја напушта државата по нападот, оставајќи експлозив во магацинот во Тампа во Флорида.
Елахи, кој подоцна бил ставен на државната листа за надзор на терористи, одговорил така што последните 12 години на Интернет во реално време ја поставувал својата локација, како и сметките и илјадници фотографии на своите јадења, аеродроми низ кои поминувал и дури и тоалетите во кои одел, во орвелијански чин на самонадзор.
– Ова е моја реакција на оваа состојба и обелоденување на истата – рекол Елахи за својот проект Следење на движењето.
– Сите имаме некој запис за тоа каде сме биле и што правиме… Се надевам дека гледачот, додека биде во улога на агент на ФБИ, ќе свари дека тоа можат да бидат и тие.
Директорот на ЦИА Џон Бренан неодамна рече дека повторното добивање на довербата на јавноста, нивната работа би ја направило полесна и подобра.
Наспроти откритијата на активностите на тајната држава, кои претставуваат прекрошоци и заобиколување на законот и често тестираат вредности на етичко однесување, оваа изложба ја поздрави најмалку еден поранешен шпион.
Таа е важна поради видот на испитувањето кое постои и различните техники кои се користени во собирањето на разузнувачките податоци, не само денес, туку и низ историјата – рече Ричард Пост, поранешен агент на ЦИА и поранешен претседател на одделението на Здружението на поранешни разузнувачки работници во Аризона.
– Многу е здраво тоа што имаме група на многу мотивирани граѓани кои се заинтересирани да се обидат да обезбедат Владата да направи се што може, за да работи во корист на сите нас, почитувајќи ги нашите национални традиции, наследство и слободи.
Ал Џезира – Доха