Ултрадесничарите во Европарламентот формираат пратеничка група

Од:

Пет ултрадесничарски и евроскептични партии од пет земји-членки на Европската унија, кои на последните избори за Европскиот парламент добија голем број пратенички места, ќе формираат група во европскиот законодавен дом што би се нарекла Евроскептична партија, јави дописникот на МИА од Брисел.

Петте партии што веќе се обединија во Европарламентот се холандската Партија на слободата (ПВВ) на Герт Вилдерс, Партијата на слободата од Австрија (ФПО) на Харалд Вилински, белгиската партија Фламански интерес (ВБ) на Геролф Анеманс, италијанската Северна лига (ЛН) на Матео Салвини и францускиот Национален фронт (ФН) на Марин Ле Пен. Лидерите на овие партии веќе се сретнаа во ЕП и ветија дека ќе формираат Евроскептична партија.

Според Ле Пен, чија партија триумфираше на европските избори во Франција, целта на синоќешниот итен состанок на Европскиот совет бил да се поништи желбата на народот изразена во неделата на изборите. Таа смета дека победата на евроскептичните партии веќе го плаши ЕУ-естаблишментот.

Овие пет евроскептични партии најавија дека сакаат „братска Европа“ што ќе ја почитува независноста на земјите и ќе го одбие моделот на технократска ЕУ што би била надвор од мода. Тие посочија дека сакаат да го поттикнат домашното производство наспроти глобалното, да се борат против муслиманскиот тероризам, против контролата на банкарскиот систем и во целост го одбиваат еврото како валута.

За формирање на парламентарна група во Европскито парламент се потребни најмалку 25 европратеници, што евроскептиците веќе го имаат, но тие исто така траба да доаѓаат од седум земји на ЕУ, па затоа лидерката на францускиот Национален фронт, Ле Пен најави дека се во потрага на други нови европарламентарци кои би и се приклучиле на новата пратеничка група.

Засега, оваа група одбива да коалицира со грчката неофашистичка партија Златна Зора и со неонацистичката Национал-демократска партија на Германија (НПД).

– Ова беше историски состанок, посочи лидерот на холандската екстремнодесничарска ПВВ, Герт Вилдерс.

Би можело да ве интересира

Ахмети: Александар Дугин, главата на руските политики има партија во Македонија

Нови промени за сообраќајните казни во ЕУ: Никој веќе нема да може да ги избегне

ЕУ постигна привремена спогодба за нови правила за трговија со огнено оружје

СДСМ: ЕУ е единствен патоказ за подобра македонска иднина

А1он

Европската Комисија ќе обезбеди општи рамковни услови за почеток на преговорите со Украина за пристапување во ЕУ

ЕУ за А1он: Измените на Законот за игри на среќа не упатуваат ниту на ограниченото европското законодавство

Александар Тодески