Улогата на племенските борци во борбата против ИД

Од:

Во борбата против Исламска држава (ИД) во Ирак не е планирано Американците да праќаат копнена војска. Наместо тоа Вашингтон се надева на Курдите, ирачката војска и племенските борци. 100.000 борци од нив порано биле на платен список на САД.

Ирак, кон средината на јуни: тесен канал јужно од градот Киркук ја обележува граничната лининја меѓу курдската полиција и борците на ИСИС, како што тогаш се нарекуваше терористичката организација Исламска држава. Преку каналот се пружа еден мост: бегалците го поминуваат за да побегнат под заштита на Курдите. Но, никој не преминува во другата насока.

Тоа подрачје од другата страна на каналот е табу зона. Секој кој ќе се осуди да премине таму, а не припаѓа на исламистите или нивните сојузници, во опасност е да биде убиен.

Вистинските владетели беа борци на Сахва

Откако САД во 2003 година го симнаа од власт Садам Хусеин, постоеше само куса фраза во која странците повеќе или помалку сигурно можеа да се движат во регионот од другата страна на мостот, од 2007 до 2010 година. Тогаш Американците тука уште беа окупатори. Иако подрачјето од таа страна на каналот не го контролираа, како што не контролираше ниту ирачката власт собрана околу шиитскиот шеф на владата на Нури ал Малики и неговата војска, која американската војска се обиде да ја воспостави. А контрола немаше ниту ирачката Ал Каеда, претходник на терористичката организација ИД.

Вистинските владетели на тоа подрачје, јужно од Киркук па се до Багдад, беа други: мажи како Абу Сајфа, како што го нарекуваа неговите луѓе. Поради контрола на тој регион во 2008 година речиси ќе платеше со својот живот; се наоѓаше во еден конвој кој го нападна бомбаш самоубиец, но Абу Сајф преживеа.

Една година подоцна седеше на црвена пластична столица на својот имот кој потсетува на јужноамериканск хациенда. Еден ракав на неговото црно одело со безопасна игла му беше прицврстен на рамото. Тешко дишејќи раскажуваше: Американските војници ме одведоа во база во Балад. Во една болница ми беше апутирана левата подлактица, бев опериран повеќе пати. На штитната жлезда и на градите, а и на левата нога која ми беше повредена.

Веројатно Ал Каеда планирала убиство на Абу Сајфа. Бидејќи тој беше водач на Сахва, што значи будење. Зад тоа име се крие еден вид граѓанска полиција на сунитско-арапските племиња во Ирак. Тие многу брзо по нападот на диктаторот Садам Хусеин го почувствуваа притисокот на Ал Каеда. Како организација претходник на ИД, Ал Каеда уште тогаш сакаше да воспостави еден калифат во Ирак. Но, таа цел исламистите се обидуваат да ја постигнат со помош на убиствени напади.

Ал Каеда ги купуваше сунитските борци…

Вршеа напади насочени против американските окупаторски сили, што за многу сунити беше доволен повод да се приклучат на тие исламисти. Бидејќи за нив таа борба беше праведен отпор против Американците, и тоа од повеќе причини. Во политичкиот процес владата во Вашингтон даваше предност на шиитите како на најсилна група на населението, за кое сунитите, кои се под нивниот брат по вера Садам Хусеин, уживаа привилегии, сега беа турнати во немилост.

Исто така, многу сунити сметаа дека е загрозена нивната животна егзистенција: од групата на сунитите доаѓаа многу борци кои со распуштањето на ирачката војска, по падот на Садам Хусеин добија откази. Ал Каеда во Ирак така едноставно со пари ги купуваше тие воени лица и така доби обучени професионалци.

Абу Саиф, напротив во 2009 година тврдеше дека тој и кланот од повеќе илјади борци, на чие чело беше тој, се невини. Изјавуваше дека никој од нив никогаш не се борел против Американците. Да, имавме контакти со исламистите, но не и соработка – велеше тој. Терористичките групи претходно можеа да регрутираат луѓе кои беа изолирани од нивните племиња, истакна Абу Сајф.

Во почетокот на 2005 година некои племенски лидери на сунитските Арапи во Ирак повеќе не сакаа да ги трпат активностите на Ал Каеда; некои од нив во Ал Каеда во прв план видоа само една организација која им конкурира кога се во прашање шверцот и други незаконски дејности. Според Ал Каеда, борците на тие противнички настроени кланови во провинцијата Анбар, се здружија против исламистите, така се роди Сахва.

 … а Американците ги купуваа назад

Успешен модел, како што тоа набрзо го открија Американците: од септември 2006 година, ја прифаќале таа граѓанска полиција и почнаа контакти со племињата, заедно со нивните борци, при што буквално ги купуваа назад. Само три години подоцна, кога Абу Сајф владееше на подрачјето кое денес го контролира ИС, над 100.000 луѓе се наоѓаа на платен список на САД. – Секој борец добива 300.000 ирачки динари – рече тогаш Абу Сајф.

300.000 ирачки динари, тоа тогаш беше околу 230 евра. САД многу пари вложија во борбата против Ал Каеда во Ирак, но со тоа беа и успешни. Упориштата на Ал Каеда, како градовите Рамади и Фалуџа, долго време беа чисти од исламистите, како и подрачјето јужно од Киркук кое го контролираше Абу Сајф.

Сахва полицијата не беше интегрирана во војската…

Набрзо потоа дури настанаа планови на американската администрација да ја интегрираат полицијата Сахва во ирачките безбедносни сили. Бидејќи, американската војска донесе одлука до крајот на 2011 да се повлече од Ирак. Тој термин Абу Сајф го гледаше оптимистички: – Повлекувањето зад себе ќе остави дупка во безбедносниот систем. Ирачката војска нема да може да ја пополни, ако се повлечат Американците. Но, токму поради тоа Сахва ќе остане важна, ние сме дел од безбедносниот систем и подготвени сме на тоа да ја браниме нашата земја.

Но, набрзо следеше отрезнување. Борците на Сахва никогаш не беа интегрирани во ирачките безбедносни структури. Тогашниот шиитски шеф на владата Малики дури ги запре исплатите на сунитските племенски шефови. Последица од тоа беше дека некои борци на Сахва повторно се свртеа кон Ал Каеда во Ирак, а потоа и на организацијата која ја наследи Ал Каеда, Исламската држава.

 … а сега, сепак треба да се борат против ИД

На ирачката телевизија, по завршетокот на владеењето на Малики, за повторното будење на Сахва одеднаш повторно живо се дебатира. За тоа време се поставува прашањето дали концептот за повторното будење на Сахва може да се спроведе? Дали сунитските племиња повторно ќе можат да ги купат? Во некои региони на Ирак тоа може и да успее; можеби тоа едноставно е само прашање на цена. Абу Сајф, кој пред шест години ја изгуби раката во еден напад на него, изгледа повторно би бил дел од тоа, ако сеуште е жив и ако поради неговиот тогашен ангажман не го убиле терористите на ИС. Непознато е што се случило со него. Неговиот стар број на телефон повеќе не функционира, а неговиот стар регион со кој владееше, од таа страна на каналот, кој јужно од Киркук како демаркациона линија денес ја дели курдската полиција од ИС, останува за сега недостижен.

 

Дојче веле – Бон

Би можело да ве интересира

Ердоган: Турските разузнавачи го убија лидерот на Исламската држава

Ана Ололовска

Британката која се приклучи на Исламска држава, не може да се врати во Велика Британија

Ана Ололовска

Абу Хусеин – нов лидер на терористичката Исламска држава

Ана Ололовска

Исламска држава: Нашиот лидер е мртов

Ана Ололовска

ИД ја презеде одговорноста за вчерашниот смртоносен напад во Сирија

Ана Ололовска

Терористите побегнаа од затвор кој е под контрола на сириските Курди

Ана Ололовска