Украинско разузнавање: Жителите на Крим ги саботираат руските воени бази

Од:

Проукраинските жители на Крим систематски ги напаѓаат руските воени бази со молотови коктели, принудувајќи ја Русија да ја заостри контролата над полуостровот, соопшти денеска украинското воено разузнавање.

Според податоците на Главната управа за разузнавање (ХУР), се почести се судирите меѓу проукраинското население и руските власти на Крим, пишува Kyiv Independent.

За да го потисне отпорот, Русија ги гони сите „сомнителни“ личности кои би можеле да бидат вклучени во такви инциденти, користејќи масовни притворања и насилство, тврдат украинските разузнавачи.

Неколку граѓани кои одбиле да примат руски пасоши, наводно исчезнале, додека други биле отпуштени од работа, се соочуваат со парични казни или загуба на имот.

Според ХУР, повеќето од приведените и уапсените се кримски Татари.

Според украинскиот портал, Крим е под руска окупација од 2014 година, а кримските Татари и проукраинските активисти кои останаа на полуостровот се соочуваат со редовен прогон од окупаторските власти, наведува Киев Индипендент.

Во последните недели има чести извештаи за саботажи и напади на Крим. ХУР извести за уништување на складиште за муниција на полуостровот на 28 јули, но не ја потврди својата вмешаност.

Украина со ракети ги погоди мостовите над теснецот Чонхар, а оштетен е и мостот на Крим преку теснецот Керч.

Министерот за одбрана Алексеј Резников минатата недела најави дека Украина ќе продолжи да напаѓа цели на Крим за да го намали борбениот капацитет на Русија и да помогне во спасувањето на животите на Украина.

Би можело да ве интересира

Тотален колапс: Колони луѓе бегаат од Украина

ВИДЕО: Голем украински напад на Крим, експлозии во два руски града

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Зеленски ги откажа сите патувања, Русите влегуваат во Вовчанск, украинските сили се повлекуваат

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Украинците се потешко ја бранат харковската област: Ги искористивме сите сили, на работ сме

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Снимки од упадот на руските сили во Вовчанск, се водат улични борби

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Нов украински напад на Белгород