Украинскиот Парламент изгласа закон за три фази на воена мобилизација во 2015 година

Од:

Парламентот на Украина донесе закон за три бранови на делумна воена мобилизација на резервистите во 2015 година, пред се, заради продолжениот конфликт против проруските бунтовници во источниот дел на земјата, пренесоа француските меидуми.

Првиот бран мобилизација ќе почне веќе на 20 јануари и ќе опфати околу 50. 000 резервисти. Другите две фази се предвидени за април и јуни.

Во указот на претседателот Петро Порошенко мобилизацијата се објаснува со неопходноста „од адекватна реакција на заканите, предизвикани од агресивните дејствија на Русија“, кои им се закануваат на „националната безбедност, независноста и територијалната целост на Украина“.

Би можело да ве интересира

Буданов: Ситуацијата во регионот Харков станува критична за вооружените сили на Уркаина

„Сандеј тајмс“: Камерон побарал од Доналд Трамп да го поддржи нацрт-законот за помош на Украина

(ВИДЕО) Шефовите на американската и украинската дипломатија јаделе пица во ресторан во Киев

Франција ќе достави дополнителна воена помош за Украина

Британски министер за одбрана: Лондон му дозволи на Киев да го нападне Крим со нашето оружје

Ново тело е пронајдено во урнатините на зграда во Белгород, бројот на жртви се искачи на 17