Во неодамнешниот напад на руската база убивме дури 200 руски војници и командантот на окупираниот град Токмак, изјави украински функционер. „Нашите одбранбени сили започнаа успешна операција против позициите на окупаторите во Токмак“, изјави за Телеграм Иван Федоров, градоначалник на окупираниот Мелитопол.
Федоров е на територија под контрола на Украина, па CNN не може да ги потврди неговите тврдења. Но, проруски социјален медиум во вторникот објави дека украинските сили масовно го гранатираат Токмак и дека биле пријавени шест напади.
Владимир Рогов, функционер од Запорожје назначен од Русија, исто така рече дека тој ден имало серија експлозии во градот, објавувајќи видео од пожарот на отворен простор. Украинските сили редовно го таргетираат Токмак бидејќи е важен центар на руската одбрана.