Украина: Русите се подготвуваат да го заземат градот Харков

Од:

Русите се подготвуваат да го заземат градот Харков, вели портпаролот на Министерството за одбрана на Украина, Александар Мотузјаник.

Тој наведува и дека „непријателот има намера да ги опколи украинските сили“, пренесуваат украинските медиуми.

„Главните напори на непријателот беа насочени кон подготовките за продолжување на офанзивните операции со цел да се опколат сојузничките сили и да се заземе градот Харков“, рече Мотузјаник.

Според него, Русија продолжува да користи оружје со висока прецизност за уништување на критичната инфраструктура на Украина и презема мерки за формирање и преместување дополнителни единици од Источниот и Централниот воен округ за учество во воените дејствија.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Украина: Нападот врз пристаништето во Одеса е закана за глобалната сигурност за обезбедување храна

А1он

Косачев: Сите договори ќе бидат по наши услови

Русите зазедоа големи упоришта на вооружените сили на Украина

Рубио: Разговаравме за територијални отстапки за Украина

Украина: Сега целиот свет ќе види кој навистина сака мир

Песков: Не ја исклучуваме можноста за наскоро средба меѓу Трамп и Путин

Горан Наумовски