Украина: Русија се повлече од градовите наспроти Херсон

Од:

Украинската војска денеска соопшти дека Русија повлекла одреден број војници од градовите на спротивниот брег.

Во соопштението нема други детали, а не се споменува ниту евентуален премин на украинските сили преку реката Дњепар. Украинските власти, исто така, нагласија дека Русија го засилила гранатирањето преку реката, повторно оштетувајќи ја електричната мрежа во Херсон, каде почнало обновувањето речиси три недели откако руската армија го напушти градот и се повлече преку реката.

Откако Русија го напушти Херсон минатиот месец, во деветтиот месец од нејзината инвазија на Украина, реката Дњепар сега ја формира целата линија на јужниот фронт, пренесува Хина.

Русија веќе им порача на цивилите да ги напуштат градовите на оддалеченост од 15 километри од реката и да ја повлече својата цивилна администрација од градот Нова Каковска, кој е на брегот на реката. Украинските власти претходно соопштија дека Русија повлекла дел од артилерија во близина на реката на побезбедни позиции подалеку, но ова е првпат да соопштат дека руски сили ги напуштаат градовите.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Тотален колапс: Колони луѓе бегаат од Украина

ВИДЕО: Голем украински напад на Крим, експлозии во два руски града

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Зеленски ги откажа сите патувања, Русите влегуваат во Вовчанск, украинските сили се повлекуваат

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Украинците се потешко ја бранат харковската област: Ги искористивме сите сили, на работ сме

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Снимки од упадот на руските сили во Вовчанск, се водат улични борби

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Нов украински напад на Белгород