Украина: Пожар во најголемата нуклеарка во Европа по руско бомбардирање

Од:

Пожар избувна во најголемата европска нуклеарна електрана Запорожје по интензивни борби меѓу руските и украинските сили, соопшти украинската државна служба за вонредни состојби.

Американскиот министер за енергетика Џенифер Гранхолм рече дека нема индикации за зголемено ниво на радијација во централата Запорожје, што обезбедува повеќе од една петтина од вкупната електрична енергија произведена во Украина.

Видео од ентралата покажа гранатирање и чад што се издига во близина на зграда во комплексот.

Имаше жестоки борби во областа на околу 550 километри југоисточно од Киев, изјави градоначалникот на блискиот град Енергодар во објава на интернет. Тој рече дека има жртви, без да даде детали.

„Како резултат на континуираното непријателско гранатирање на згради и единици на најголемата нуклеарна централа во Европа, нуклеарната централа Запорожје е во пламен“, објави градоначалникот Дмитро Орлов на својот канал на „Телеграм“.

Русија веќе ја зазеде нефункионалната централа во Чернобил, на околу 100 километри северно од Киев, која исфрлаше радиоактивен отпад над поголемиот дел од Европа во 1986 година по хаварија. Запорожје е поинаков и побезбеден тип, велат некои аналитичари.

По првите извештаи по инцидентот во електраната реагираа финансиските пазари во Азија, со пад на акциите и дополнително зголемување на цените на нафтата.

Американскиот претседател Џо Бајден разговараше со украинскиот лидер Володимир Зеленски за ситуацијата во електраната.

„Претседателот Бајден му се придружи на претседателот Зеленски во барањето Русија да ги прекине своите воени активности во областа и да им дозволи на пожарникарите и на итните служби да пристапат до локацијата“, соопшти Белата куќа.

Секретарот за енергетика Гранхолм на Твитер објави дека реакторите во Запорожје се „заштитени со робусни структури “ и дека се „безбедно затворени“.

Украинскиот министер за надворешни работи Дмитро Кулеба изјави дека руската армија „пука од сите страни“ врз централата.

„Пожар веќе избувна… Русите мора ВЕДНАШ да го прекинат огнот, да дозволат пожарникари, да воспостават безбедносна зона! напиша тој на Твитер.

Меѓународната агенција за атомска енергија објави на Твитер дека е „свесна за извештаите за гранатирање“ на електраната и дека е во контакт со украинските власти.

Британскиот премиер Борис Џонсон изјави дека руското гранатирање на нуклеарна централа во југоисточниот украински град Запорожје може „директно да ја загрози безбедноста на цела Европа“.

Еден од реакторите во најголемата АЕЦ во Европа каде има шест реактори, се запали откако беше гранатиран од руски сили. Иако реакторот е во фаза на реновирање, според портпаролот на електраната, тој сè уште содржи нуклеарно гориво.

Во телефонскиот разговор со украинскиот претседател Зеленски, Џонсон вети дека ќе побара итен состанок на Советот за безбедност на ОН во обид за прекин на огнот.

Со оглед на тоа што најголемиот напад врз европска држава од Втората светска војна влегува во нов ден, се смета дека илјадници загинале или се ранети, милион бегалци ја напуштиле Украина, а руската економија е потресена од меѓународни санкции.

САД и Велика Британија објавија санкции за повеќе руски олигарси вчера, по мерките на ЕУ, бидејќи тие го зголемија притисокот врз Кремљ.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Тотален колапс: Колони луѓе бегаат од Украина

ВИДЕО: Голем украински напад на Крим, експлозии во два руски града

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Зеленски ги откажа сите патувања, Русите влегуваат во Вовчанск, украинските сили се повлекуваат

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Украинците се потешко ја бранат харковската област: Ги искористивме сите сили, на работ сме

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Снимки од упадот на руските сили во Вовчанск, се водат улични борби

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Нов украински напад на Белгород