Украина официјално побара распоредување „сини шлемови“ на исток од земјата

Од:

Украина денеска упати официјално барање до Обединетите нации за распоредување мировна набљудувачка мисија на исток од земјата, каде стапи во сила примирјето меѓу украинските и проруските сили.

Според портпаролот на украинското Министерство за надворешни работи, Јевгениј Перебинос, во консултации со ОН треба да се постигне договор за бројноста и обемот на предложената мисија, пренесуваат американските медиуми.

Перебинос наведе дека предлогот му бил упатен на генералниот секретар на ОН, Бан Ки Мун, како и дека Киев ќе упати уште едно барање кога во украинскиот Парламент ќе биде одобрена оваа иницијатива на Владата.

За позитивен одговор на барањето на Украина е потребно сите пет држави постојани членки на Советот за безбедност на ОН да го подддржат овој предлог, но малку е веројатно дека Русија ќе го промени претходниот свој став за противење на распоредувањето мисија на ОН на истокот на Украина.

Постојаниот претставник на Русија во ОН, Виталиј Чуркин, неодамна навести дека Москва нема да даде согласност за овој предлог, бидејќи смета дека со евентуалното воведување на нова мисија под прашање ќе се најде подготвеноста на Украина да ги почитува претхидните постигнати договори.

Би можело да ве интересира

Буданов: Ситуацијата во регионот Харков станува критична за вооружените сили на Уркаина

„Сандеј тајмс“: Камерон побарал од Доналд Трамп да го поддржи нацрт-законот за помош на Украина

(ВИДЕО) Шефовите на американската и украинската дипломатија јаделе пица во ресторан во Киев

Франција ќе достави дополнителна воена помош за Украина

Британски министер за одбрана: Лондон му дозволи на Киев да го нападне Крим со нашето оружје

Ново тело е пронајдено во урнатините на зграда во Белгород, бројот на жртви се искачи на 17