Украина од фронтот ги повлекува американските тенкови „Абрамс“

Од:

Украина засега ги повлече од борба своите тенкови Абрамс М1А1 доставени од САД, делумно поради тоа што нападите со руски беспилотни летала ги попречија операциите на тенковите и ги направија цели, изјавија за АП двајца американски воени претставници.

Засега, тенковите се преместени од линијата на фронтот, а САД ќе соработуваат со Украинците за да најдат нови тактики за користење на тие тенкови, изјавија заменик-претседателот на американските здружени началници, адмирал Кристофер Грејди и неименуван претставник на одбраната.

САД одобрија испраќање 31 тенк Абрамс во Украина во јануари 2023 година, откако украинските власти побараа нивна испорака, тврдејќи дека тенковите се од витално значење за пробивање на руските борбени линии.

Оттогаш војната значително се промени, особено поради употребата на руски извидувачки беспилотни летала, што им отежна на украинските сили да ги заштитат тенковите Абрамс од руски напади, бидејќи беспилотните летала брзо ги откриваат. Агенцијата додава дека од 31 тенк Абрамс, пет се веќе уништени во руските напади.

Би можело да ве интересира

Осуммина повредени во украинскиот напад на Белгород

Наришкин: Испраќање воени контингенти во Украина може да се сметаат за ескалација

ЕУ: Замрзнатите руски средства ќе се користат за воена помош за Украина

Украина: Четири деца се повредени во руски воздушен напад врз Харков

Украина ќе може да повикува затвореници во војска

Горан Наумовски

Петер Сијарто: Унгарија нема да учествува во иницијативата на НАТО за помош на Украина