Украина објави разговори: „Руси, ви испраќам мотори за хеликоптери преку Хрватска“

Од:

Украинската служба за безбедност (СБУ) ги објави телефонските разговори на Вјачеслав Богуслаев, шеф на компанијата Motor Sich, еден од водечките светски производители на авионски мотори со седиште во Запорожје, кои наводно ја потврдуваат неговата соработка со Русија, пишува Киев Индипендент.

Во тие разговори, Богуслаев понудил украински мотори за воени хеликоптери на раководството на руските компании за производство и поправка на хеликоптери и предложил тие да бидат испорачани во Русија преку Хрватска, Казахстан или Киргистан.

Богуслаев, исто така, го оправда нападот на Русија врз неговата фабрика и рече дека се надева оти рускиот претседател Владимир Путин нема да го запре напредувањето на неговите војници.

„Имаме нуклеарна електрана и хидроцентрала во регионот Запорожје, украинските власти се исплашени… Ќе си заминат. Володимир Зеленски ќе биде избркан, а тие ќе си заминат, нема проблем“, наводно рекол Богуслаев.

Богуслаев, наводно, одамна почнал да соработува со руски воени компании, а некои телефонски разговори имало во 2021 година, наведува СБУ. Украинските власти на 23 октомври ги уапсија Богуслаев и шефот на одделот на Motor Sich за соработка со странство.

„Тие беа уапсени и обвинети за воспоставување транснационални канали за нелегална испорака на мотори на украински авиони во Русија“, соопшти СБУ, додавајќи дека Русија ја користела добиената опрема за „производство и поправка“ на своите Ми-8, Ка-52 и Ми- 28 хеликоптери.

Според украинските разузнавачи, Русија „масовно“ користела вакви хеликоптери против Украина.

Би можело да ве интересира

Тотален колапс: Колони луѓе бегаат од Украина

ВИДЕО: Голем украински напад на Крим, експлозии во два руски града

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Зеленски ги откажа сите патувања, Русите влегуваат во Вовчанск, украинските сили се повлекуваат

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Украинците се потешко ја бранат харковската област: Ги искористивме сите сили, на работ сме

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Снимки од упадот на руските сили во Вовчанск, се водат улични борби

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Нов украински напад на Белгород