Украина: Напредуваме во Бахмут, Русите не можат да ги вратат загубените позиции

Од:

Украина објави дека ги одбила нападите на руските сили кои се обидувале да ја вратат територијата што ја изгубиле околу разурнатиот источен град Бахмут, каде Киев тврди дека и нанел големи загуби на руската страна. Евгениј Пригожин, шефот на руската приватна платеничка група Вагнер, која е клучна во нападот на градот, на комуникациската платформа Телеграм рече дека „тешките, крвави битки“ се уште траат и дека неговите војници се на дофат за освојување на Бахмут.

Пригожин претходно даде премногу оптимистички воени оценки, а Ројтерс не можеше да ја потврди точноста на неговите тврдења. Украинската минофрлачка единица во близина на градот изјави за Ројтерс дека постигнала напредок оваа недела, но се соочува со силен оган од руските сили, за кои веруваат дека има значителен број и резерви на муниција.

„Пукањето беше интензивно оваа недела. Нашите сили малку напредуваа, застанаа во близина на каналот. Тешко е да ги истуркате (Русите) одовде“, рече еден војник.

Припадниците на единицата рекоа дека дневно трошат приближно 100 парчиња минофрлачка муниција насочени кон руските позиции. Украина тврди дека нејзината армија постигнала мал напредок оваа недела на дтраничните делови на градот во индустриската провинција Донбас дури и кога Вагнер бил блиску до освојување на самиот град.

Украинскиот заменик министер за одбрана Хана Маљар изјави дека руските сили освоиле одредена територија во Бахмут, но дека немаат контрола над градот.

„Исклучително жестоките борби во областа Бахмут продолжуваат. Непријателот не може да победи квалитативно, па затоа се обидува со квантитет“, рече таа на Телеграм. Русија го зголеми бројот на своите војници и количината на муниција, додаде таа.

„Стапката на напредување на нашите војници во предградието на Бахмут денеска е малку намалена. Во исто време, непријателот не може да ги врати загубените позиции – нашите војници ги одбиваат сите непријателски напади во таа област“, ​​рече Маљар. Москва го гледа својот напад врз Бахмут како важен дел од кампањата за заземање на остатокот од Донбас.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Голем украински напад на Крим, експлозии во два руски града

ВИДЕО: Зеленски ги откажа сите патувања, Русите влегуваат во Вовчанск, украинските сили се повлекуваат

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Украинците се потешко ја бранат харковската област: Ги искористивме сите сили, на работ сме

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Снимки од упадот на руските сили во Вовчанск, се водат улични борби

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Нов украински напад на Белгород

ВИДЕО: Над 30.000 Руси јуришаат на Харков, продолжува евакуацијата на населението

Катерина Ѓуровски