Украина: На Путин му останаа само седум бродови на Црното Море

Од:

На Владимир Путин му останаа само седум бродови во Црното Море, соопшти Украинската оперативна команда Југ, формација на украинските копнени сили која оперира во јужниот дел на земјата. Во објава на Фејсбук напишаа дека една од причините за намалувањето на руската флота е невремето.

„Како што бурите се интензивираат во Црното Море, непријателската флотила е намалена на седум пловни објекти, вклучително и еден подморски носач на ракети“, објави Командата за јужни операции во својата дневна проценка на војната.

Западните медиуми не можеа самостојно да ги потврдат овие бројки, но познато е дека руската црноморска флота претрпе големи загуби од почетокот на војната. Еден од најголемите удари за руската морнарица беше потонувањето на водечкиот крстосувач Москва.

Бродот Москва потона неколку часа откако во него одекнаа неколку експлозии. Иако Русија изјави дека експлозиите не се поврзани со нападите, туку со детонирање муниција, Украина ја презеде одговорноста, тврдејќи дека била погодена со проектили и предизвикала голема штета. Олексиј Арестович, советник на украинскиот претседател Володимир Зеленски, сподели видео на Твитер за кое тврди дека е снимка од нападот.

Уништени се уште најмалку четири брода на руската Црноморска флота, а Украина го нападна најновиот, Адмирал Макаров, на крајот на октомври. Британското Министерство за одбрана во август оцени дека Русија „има потешкотии да го контролира морето“. „Моментално ограничената ефикасност на Црноморската флота ја поткопува целата стратегија за инвазија“, соопшти тогаш Министерството.

Русија, исто така, ја обвини Украина за минатомесечниот напад врз Севастопол, градот во кој се наоѓа Црноморската флота. Руското Министерство за одбрана соопшти дека девет украински беспилотни летала и седум „поморски беспилотни летала“ извршиле „терористички напад“ врз бродови на Црноморската флота и цивилни бродови во пристаништето Севастопол.

Би можело да ве интересира

Русите погодиле воз: Министерството соопшти дека имало западна воена опрема

Русите уапсија двајца нивни војници за грозоморни злосторства

Катерина Ѓуровски

Руски шпиони ја бараат рутата по која во Украина стигнува оружје

Катерина Ѓуровски

Американскиот Конгрес одобри помош за Украина

Русија бомбардирала свој град: по грешка погодена Белгородската област

ВИДЕО: Во руски напад урната ТВ кулата во Харков