Украина и проруските сепаратисти во Луганск си разменија заробеници

Од:

Украинските власти и проруските сепаратисти денеска си разменија заробеници, пренесе ТАСС, повикувајќи се на украински извори.

Веста ја потврди и украинскиот претседател Петро Порошенко, цитиран од американските медиуми.

„Во најскоро време 140 наши херои ќе бидат слободни“, напиша Порошенко на Твитер.

Размената се реализирала во еден од бастионите на бунтовниците,
градот Луганск. Притоа биле разменети 52 сепаратисти и 140 борци од
киевските сили. Повеќето од ослободените украински војници, над 100, биле заробени во Дебалцево.

Претходно денеска двете страни во конфликтот взаемно се обвинија за прекршување на прекинот на огнот, што во сила влезе пред една недела.

Би можело да ве интересира

Буданов: Ситуацијата во регионот Харков станува критична за вооружените сили на Уркаина

„Сандеј тајмс“: Камерон побарал од Доналд Трамп да го поддржи нацрт-законот за помош на Украина

(ВИДЕО) Шефовите на американската и украинската дипломатија јаделе пица во ресторан во Киев

Франција ќе достави дополнителна воена помош за Украина

Британски министер за одбрана: Лондон му дозволи на Киев да го нападне Крим со нашето оружје

Ново тело е пронајдено во урнатините на зграда во Белгород, бројот на жртви се искачи на 17