Украина гради ѕид на границата со Белорусија

Од:

Украина соопшти дека гради армирано-бетонски ѕид и други видови барикади на границата со Белорусија, близок сојузник на Кремљ од каде Русија делумно ја започна инвазијата на Украина на 24 февруари. Советникот на украинскиот претседател Кирил Тимошенко изјави дека во областа Волин на границата со Белорусија е подигнат ѕид долг 3 километри покриен со бодликава жица.

Киев наведува дека Белорусија останува закана. Поставени се и вреќи со песок, а се копаат ровови, рече Тимошенко. „Тоа не е се, но нема да ги откриеме деталите“, рече советникот на Зеленски.

Тој додаде дека во тек се и други работи во регионите Ривне и Житомир, кои исто така граничат со Белорусија. Тимошенко објави фотографии од чуварите како одвиткуваат бодликава жица.

Украинскиот министер за одбрана изјави за Ројтерс дека се уште постои закана од Белорусија, но дека тамошните сили се „во пасивна позиција“. Границата на Украина со Белорусија е долга повеќе од 1.000 километри.

Би можело да ве интересира

Русите уапсија двајца нивни војници за грозоморни злосторства

Катерина Ѓуровски

Руски шпиони ја бараат рутата по која во Украина стигнува оружје

Катерина Ѓуровски

Спречен напад со дронови од територијата на Литванија врз цели во Минск

Американскиот Конгрес одобри помош за Украина

Русија бомбардирала свој град: по грешка погодена Белгородската област

ВИДЕО: Во руски напад урната ТВ кулата во Харков