Украина ги засили воените сили на границата со Белорусија

Од:

Заменик-шефот на главниот оперативен оддел на Генералштабот на Украина, Олексеј Хромов, денеска објави дека Киев ги зајакнал своите сили во северниот регион во близина на Белорусија, со цел да се спротивстави на потенцијалниот руски напад преку таа граница.

„Во моментов, распоредувањето на ударните сили (во Белорусија) не е забележано. Но, постојат закани. Ние реагираме, веќе го зголемивме бројот на војници на северот на земјата“, рече Олексеј на редовната прес конференција, пренесува „Ројтерс“.

Белорусија е еден од главните сојузници на Русија и на почетокот на војната им дозволи на руските сили да ја користат нејзината територија за напад на Украина, потсетува британската агенција.

Би можело да ве интересира

Русите уапсија двајца нивни војници за грозоморни злосторства

Катерина Ѓуровски

Руски шпиони ја бараат рутата по која во Украина стигнува оружје

Катерина Ѓуровски

Спречен напад со дронови од територијата на Литванија врз цели во Минск

Американскиот Конгрес одобри помош за Украина

Русија бомбардирала свој град: по грешка погодена Белгородската област

ВИДЕО: Во руски напад урната ТВ кулата во Харков