Украина доби уште четири ракетни системи ХИМАРС од САД

Од:

Украина доби серија од уште четири високомобилни артилериски ракетни системи HIMARS од американско производство, соопшти денеска украинскиот министер за одбрана Алексеј Резников.

„Благодарен сум на американскиот претседател Џо Бајден, на секретарот за одбрана Лојд Остин и на народот на САД за зајакнувањето на украинската војска“, напиша министерот Резников на Твитер.

Ракетните системи ХИМАРС имаат поголем дострел и се попрецизни од украинската артилерија од времето на Советскиот Сојуз, што им овозможува на украинските сили да гаѓаат во руски цели кои претходно биле недостапни.

Би можело да ве интересира

Стармер: Разговорите за Украина не можат да се водат без Украина

А1он

Оние 300 милијарди долари што Западот ги замрзна на Русија сега стануваат многу важни

А1он

Кличко: Киев цел на повеќечасовен руски воздушен напад

А1он

Падни пред нозете на Американците и капитулирај

САД подготвуваат резолуција за Украина: ЕУ ја смета за контроверзна, Русите ја сметаат за одлична

Украина: Русија сака да прогласи победа на 24 февруари