Украдени слики од музеј во Холандија можеби се изгорени во Романија

Од:

Романската полиција во печката на извесна Олга Догану пронашла остатоци од слики, уметничко платно, масна боја и шајки од рамки за слики. Како што соопшти полицијата, жената им изјавила на полициските инспектори дека ги запалила уметничките дела за да ги уништи доказите против нејзиниот син, веднаш по неговото апсење.

Синот на Догану е обвинет за грабеж на уметнички слики од музејот „Кунстал“ во холандскиот град Ротердам.

Вредноста на украдените слики е проценета на околу 200 милиони евра. Во октомври минатата година, слики на Пабло Пикасо, Анри Матис, Клод Моне, Пол Гоген, Меј де Хан и Лусиен Фројд, беа украдени од музејот и однесени во непознат правец.

Полицијата, уапси шестмина Романци, обвиети за овој грабеж, што во Холандија се оценува како најголем по грабежот на 20 уметнички слики во 1991 година.

Романката Догану им призна на полицајците дека чувала сокриени вреќи со слики во една напуштена куќа и на гробиштата во селото Караклиу. Таа не знае што точно имало во вреќите, ниту нивното значење или вредност, но вели дека кога слушнала за апсењето ги ставила во печката и ги заплила.

Анаизирајќи ги остатоците најдени во печката на оваа жена, експерти за уметност, заедно со полицијата, настојуваат да утврдат дали се уништени шесте слики што беа украдени во Холандија.

Директорот на романскиот државен историски музеј Ернест Оберландер-Тарновеану вели дека доколку се докаже стравувањето оти украдените слики се изгорени, тоа ќе биде „злосторство против човештвото“.

Би можело да ве интересира

Холандскиот непријател број еден по грешка е ослободен од затвор

Горан Наумовски

ВИДЕО: Бизарна случка во Романија, мечка се појави на погреб

Холанѓанец ја тужи државата и полицијата бидејќи го ставиле на списокот на потенцијални терористи

Холандија и дава уште 400 милиони евра на Украина

Романија и Бугарија делумно влегоа во Шенген зоната

(ВИДЕО) Заложничка криза во бар во Холандија: Ослободени тројца заложници

Орце Костов