Уганда ги засили мерките за безбедност по нападот во трговскиот центар Вестгејт во главниот град на соседна Кенија, соопшти Министерството за внатрешни работи.
Уганда исто како и Кенија има воен контигент во Сомалија и веќе била жртва на радикални изламисти. Двоен напад беше извршен во Кампала во 2010 година од Ал Шабаб за време на финалето на СП во фудбал при што загинаа 76 луѓе.
– Нападот во Кенија не натера да објавиме нависоко ниво на подготвеност бидејќи заканата е вистинска, изјави генерал Аронда Нјакаирима.
– Ги засилуваме мерките за безбедност…притоа се поставуваат камери на јавни места, патишта и некои згради. Засилена е и пограничната контрола, додаде тој.
Приватно обезбедување е распоредено пред влезови на големи трговски центри и владини згради. Уганда има најголем контигент во рамки на воената мисија на Африканската унија во Сомалија која им помага на властите во Могадишу во борбата против Ал Шабаб.