Уганда: Запленети 750 парчиња слонови коски и илјадници лушпи од панголин

Од:

Властите на Уганда запленија 750 парчиња слонови коски и илјадници лушпи од панголин, кои биле шверцувани од соседниот Јужен Судан, а станува збор за една од најголемите заплени од таков вид во таа источна африканска земја.

Двајца Виетнамци се уапсени поради криумчарење, кои слоновите коски и лушпите ги сокриле во дрвја и ги превезувале во три контејнери.

Слоновите коски и лушпите од панголини најверојатно биле собрани во соседно Конго, а биле откриени со помош на скенер.

Африканскиот панголин сè повеќе е на мета на ловокрадци, бидејќи неговите лушпи се користат во традиционалната медицина во некои африкански земји.

Африканските слонови се позагрозени поради побарувачката за производи од слонова коска во Кина и другите азиски земји.

Африка во седумдесеттите години на минатиот век имаше 1,3 милиони слонови, додека денес има помалку од 500.000, а експертите предупредуваат дека нивната популација би можела да опадне многу ако не биде спречена трговијата со слонови коски.

Би можело да ве интересира

Американка отвори центар за лекување на деца во Уганда, над 100 умреа затоа што не беше медицинско лице

Предраг Петровиќ

Милитантни убија 42 лица во напад на средно училиште во Уганда

Незадоволен телохранител во Уганда го уби министерот кој требало да го штити

Ана Ололовска

Стампедо во трговски центар во Уганда, најмалку 9 лица загинаа

Претседателот на Уганда го назначи Братислав Стоиљковиќ за трговски претставник на земјата за Југоисточна Европа

Персоналот во затворите во Уганда нема да користи мобилни телефони за време на СП во фудбал

Ана Ололовска