Уганда открила големи наоѓалишта на злато

Од:

Уганда откри неколку големи наоѓалишта на злато и планира да соработува со кинеска компанија, изјави портпаролот на Министерството за развој на минерали, Соломон Мујита.

-Наоѓалиштата содржат вкупно 31 милион тони златна руда од која, според некои проценки, може да се извлечат 320.000 тони чисто злато, рече Мујита вчера.

Владата се согласи со кинескиот партнер да формираат заедничка рударска компанија во Бусија, во источна Уганда, додаде тој.

Компанијата планира да вади по пет тони златна руда дневно, а се уште не се знае кога ќе почне со работа.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Американка отвори центар за лекување на деца во Уганда, над 100 умреа затоа што не беше медицинско лице

Предраг Петровиќ

Милитантни убија 42 лица во напад на средно училиште во Уганда

Незадоволен телохранител во Уганда го уби министерот кој требало да го штити

Ана Ололовска

Стампедо во трговски центар во Уганда, најмалку 9 лица загинаа

Претседателот на Уганда го назначи Братислав Стоиљковиќ за трговски претставник на земјата за Југоисточна Европа

Персоналот во затворите во Уганда нема да користи мобилни телефони за време на СП во фудбал

Ана Ололовска