Убиени 25 војници при напад во Мали

Од:

Вооружени лица нападнаа воена база во северниот дел на Мали, при што се убиени најмалку 25 војници, а повредени се шест лица, соопшти војската на оваа африканска држава.

Нападот врз базата во градот Бамба, во областа Гао, е најверојатно извршен од вооружени групи поврзани со Ал Каеда или Исламска држава, кои дејствуваат во регионот.

Тоа е втор голем напад од почетокот на годинава врз воени цели на Мали во регионот Гао.

Повеќе од 30 војници беа убиени кон крајот на минатиот месец во напад извршен во селото Таркинт.

Нападот се случи во момент кога Владата соопшти дека планира да започне дијалог со вооружените групи поврзани со терористичката организација Ал Каеда.

Претседателот на Мали, Ибрахим Баубакар Кеита изрази подготвеност неговиот кабинет да започне преговори со бунтовничките групи, со цел да се прекине тешката безбедносна криза во земјата.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Пукотница на Универзитетот во Лас Вегас, американските медиуми јавуваат за повеќе жртви

Горан Наумовски

Двајца гостиварци убиja два коња

Шефот на кабинетот на претседателот на Мали убиен во заседа

Ана Ололовска

Во последните 20 години загинаа повеќе од 1600 новинари

Двајца убиени во престрелка во близина на Штутгарт

Горан Наумовски

ОН: Во напад на Мали загинаа двајца мировници, а четворица се повредени

Ана Ололовска