ОН: Во напад на Мали загинаа двајца мировници, а четворица се повредени

Од:

Двајца мировници на ОН од Нигерија се убиени, а четворица други се ранети во напад на патрола во градот Тимбукту во северниот дел на Мали, соопштија Обединетите нации.

Советот за безбедност на ОН соопшти дека во нападот бил убиен и припадник на безбедносните сили на Мали.

Портпаролот на ОН Стефан Дуxарик прецизираше дека еден од убиените мировници е жена.

Генералниот секретар на ОН Антонио Гутереш и Советот за безбедност остро го осудија нападот.

Советот за безбедност истакна дека учеството во планирањето, насочувањето, спонзорирањето или извршувањето на напади насочени кон мировниците на ОН може да претставува воено злосторство.

Мали е во конфликт по бунтот во 2012 година, кога бунтовничките војници го соборија претседателот. Настанатиот вакуум на моќта на крајот доведе до бунт на џихадистите и војна предводена од Франција која ги собори џихадистите во 2013 година.

Бунтовниците остануваат активни во Мали, а екстремистичките групи поврзани со терористичките Ал Каеда и Исламска држава се преселија од северните области во понаселениот централен дел на Мали од 2015 година, поттикнувајќи непријателство и насилство меѓу етничките групи во регионот.

Тензиите меѓу Мали, неговите африкански соседи и Западот се зголемија откако владата на земјата им дозволи на руските платеници од групата Вагнер да се населат на нејзина територија.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Шефот на кабинетот на претседателот на Мали убиен во заседа

Ана Ололовска

Мали побара итен состанок на Советот за безбедност за француски „акти на агресија“

Ана Ололовска

Германија го суспендира учеството во мировната мисија на ОН во Мали

Ана Ололовска

Во Мали убиени двајца припадници на мисијата на ОН

А1он

Европската комисија ја осуди цензурата од Владата на Мали за француските државни медиуми

Ана Ололовска

Најмалку двајца војници и двајца мировници убиени во напади во Мали

А1он