Жена e убиена во пукотница во Шефилд, тројца се уапсени

Од:

Триесетгодишна жена е застрелана во центарот на градот Шефилд, а британската полиција уапси три лица под сомнение за убиство, соопшти полицијата на Јужен Јоркшир.

Пукањето, според Скај њуз, се случи на Вест Стрит, област од градот позната по ноќниот живот и големиот број студенти на Универзитетот Шефилд. Жената е однесена во болница со сериозни повреди, каде подоцна почина. Полицијата уапси маж (30) и жена (32) кратко по инцидентот во близина на Стокпорт во Голем Манчестер, додека друг 30-годишен маж е уапсен во Шефилд. Сите осомничени се во притвор.

Помошникот комесар Колин Мекфарлан рече дека инцидентот е „разорувачки“ и изрази сочувство до семејството и пријателите на убиената жена.

– Нашите полицајци интензивно работат на утврдување на сите околности на пукањето. Истрагата е сè уште во рана фаза, но ќе одржиме високо полициско присуство на местото на настанот во наредните денови, рече Мекфарлан.

Тој ги повика сведоците да се јават и рече дека „сега не е време да се молчи“.

„Насилството со оружје предизвикува незамисливи трагедии, а жртвата и нејзиното семејство заслужуваат одговори. Ќе направиме сè што можеме за да ги изведеме одговорните пред лицето на правдата“, нагласи Мекфарлан.

Би можело да ве интересира

Ја пратија дома со дијагноза ангина – почина две недели пред нејзиниот шести роденден

А1он

Британскиот премиер им порача на граѓаните да направат залихи од храна и вода

А1он

(ВИДЕО) Оружен инцидент во Париз: Маж пукаше со автоматска пушка, има мртви и ранети

Стотици училишта во Велика Британија добија заканувачки пораки потпишани со „Алах акбар“

А1он

Мамдани најави истрага за пукањето во Бронкс

Пукање во Норвешка: Има загинати

Предраг Петровиќ