Убедлива победа на сепаратистичките партии во Каталонија

Од:

Партиите кои заговараат отцепување на Каталонија од Шпанија, обезбедија апсолутно мнозинтсво на регионалните избори, покажуваат првичните резултати од вчерашното гласање.

Главната сепаратистичка алијанса „Заедно за да“ – што ја сочинуваат владејачката партија Конвергенсија на претседателот Артур Мас и малата, крајнолевичарска и сепартистичка партија Есквера Републикана, обезбедија 72 од 135 пратенички места во регионалниот Парламент.

Претходно, партиите од оваа алијанса најавуваа дека победата на изборите ќе им овозможи еднострано да прогласат независност за 18 месеци.

Во првата изјава по бурните менифестации низ улиците на Барселона за поддршка на сепаратизмот и отцепување од Шпанија, претседателот Артур Мас и предводник на каталонскиот сепаратизам, на своите поддржувачи и симпатизери им порача: „Ние ја имаме победата“.

Висок функционер на неговата партија изјави за странсите новинари кои ги следеа овие регионални избори дека веднаш ќе започнат подготовките за процесот за „независна Каталонија“.

Според објаснувањето на претставници од победничката алијанса, намерата за еднострано отцепување е „резултат на политиката на владата во Мадрид“ која ја обвинуваат дека не дозволува „легален референдум“ за независност.

Шпанската влада остро се спротивставува на каталонскиот сепаратизам, па плановите за еднострана независност го оцени како „нонесе“„ и најави бликирање на таквите чекори по судски пат.

Шпанскиот премиер Маријано Рахој уште претходно има речено дека „заминувањето на Каталонија ќе ги погоди сите во Шпанија“, па дека затоа единствено исправо демократско решение е референдум на кој би гласале сите во Шпанија, а не само на Каталонците.

Независни набљудувачи сметаат дека намерата на сепаратистите за еднострано прогласување независност на регионот претставува „крајно контроверзна одлука“ со сосема незивесен исход.

Последните анкети покажуваат дека повеќето од Каталонците се согласуваат со одржувањето референдум за независност, но се длабоко поделени околу отцепувањето од Шпанија.

Каталонија, во која живеат 7,5 милиони жители, важи за една од најбогатите во Шпанија и остварува една петина од шпанскиот бруто национален приходи (БНП).

Од 1979 година, Каталонија има признат статус на историска нација.

Би можело да ве интересира

Шпанскиот парламент донесе одлука за амнестија на организаторите на референдумот во Каталонија

Каталонија воведува ограничувања на водата поради сушата

Горан Наумовски

Каталонците излегоа на демонстрации на петгодишнината од референдумот за независност

Ана Ололовска

Каталонија сака нов референдум, но со согласност на Мадрид

Ана Ололовска

Десетици илјади Каталонци побараа независност од Шпанија

Ана Ололовска

Мадрид бара од ЕП да го направи каталонскиот прв регионален јазик во официјална употреба