Уапсениот поранешен шеф на перуанската дипломатија имал бизнис во Албанија

Од:

Поранешниот министер за надворешни работи на Перу, Аугосто Блекер Милер, кој со меѓународна потерница Интерпол го барал уште од 2009, а е уапсен во Тирана, не само што живеел слободно во Албанија, туку поседувал и свој бизнис во оваа земја, јави тиранската телевизија Њуз 24.

Тој ја поседувал фирмата „Аполониа Инвестментс“ (друштво со ограничена одговорност) а се занимавала, како што стоело во дозволата за работа: со откуп и преработка на секаков вид отпад, прозводстводство на термичка и електрична енергија од преработка на отпад и други материјали.

На чело на компанијата, која била регистрирана во јули минатата година, Милер застанал во септември.

Компанијата била регистрирана со почетен капитал од 13,2 милијарди лека ( над 6,5 милијарди денари). Милер бил сопственик на 80 отсто од акциите, додека по 10 отсто имале неговите италијански партнери Алберто Паладини и компанијата „IBS Italiana Busenes Sport”.

Веднаш по објавувањето на веста за апсењето на Милер, опозицискиот социјалистички пратеник Ерјон Браче, го обвини албанскиот премиер Сали Бериша за засолнувањето на Милер во Албанија и давањето можност да се занимава со бизнис.

Демократите експресно реагираа на обвинувањата отфрлајќи ги истите. Во соопштеието се навдеува дека Милер добил бизнис од актуелниот градоначалник на Фиер, кој е од редовите на Социјалистичката партија.

Милер од страна на перуанското правосудство е обвинет за организирање државен удар во 1992 година, против режимот на Алберто Фуџимори. Перу го напуштил во 2005 година, а во 2009 бил уапсен во САД, но успеал да побегне.

Би можело да ве интересира

Перу прогласи вонредна состојба на границата со Еквадор

Поранешниот перуански претседател Алберто Фуџимори излезе од затвор

Катерина Ѓуровски

Масакр во рудник во Перу

Перу: Започна рушењето на „ѕидот на срамот“ што ги дели богатите од сиромашните

Силен земјотрес во Перу: Епицентарот на длабочина од 10 километри

Ана Ололовска

Во Перу запленети се 58 килограми кокаин спакувани во пакувања со нацистички свастики

Ана Ололовска