Уапсени татко и син заради предизвикување пожар во Австралија

Од:

Полицијата во Сиднеј уапси две лица, татко и син, кои се осомничени дека предизвикале еден од пожарите во Австралија, каде пожарникарите и натаму се борат со огнената стихија, која веќе уништи 28 куќи и стигна до водечката опсерваторија на континентот.

Таткото и синот, кои полицијата ги уапси доцна синоќа по локално време, намерно го запалиле објектот за да ја уништат лабораторијата за производство на дрога, сокриена во густата вегетација на Сините планини, пренесоа британските медиуми.

Пожарот во националниот парк Сини Планини, западно од Сиднеј, се појави минатата недела, и во него се уништени повеќе од 50 хектари ниска вегетација.

Огнот денеска стигна до Сајдингс спрингс, каде во објектите на опсерваторијата, што е евакуирана заради пожарот, се наоѓаат џиновските американско-австралиски телескопи со чија помош се откриени 30 нови планети во вселената.

Повеќе од 140 пожари во изминатата недела гореа во широката област на север и запад на австралсиката држава Нов Јужен Велс и на островот Тасманија

Би можело да ве интересира

Момчето кое уби епископ е обвинето за тероризам, oдлучија обвинителите од Сиднеј

Нападот на епископ во црква во Сиднеј е терористички чин оцени полицијата

ВИДЕО: Идентификуван напаѓачот од Сиднеј, уби шестмина и избоде деветмесечно бебе

ФОТО: Полицајката од Сиднеј го совладува напаѓачот

А1он

ВИДЕО: Напад со нож во Сиднеј, еден напаѓач убиен, другиот избегал

А1он

ВИДЕО: Избезумени коали се држат за дрвја за време на сеча