Уапсени 450 луѓе во Бангладеш по напад врз хиндуисти

Од:

По еден од најтешките немири во последната деценија, полицијата на Бангладеш денеска соопшти дека се уапсени 450 лица по нападот врз хиндуисти.

Најмалку шест лица загинаа додека полицијата се обидувала да ја спречи разгневената толпа, објавија локалните медиуми.

Насилството почнало минатиот петок кога стотици муслимани протестираа во југоисточната област Ноахали, обвинувајќи ги хиндуистите за богохулење на Куранот.

Неколку хиндуистички верски објекти беа мета на вандализам, а извршен е и напад врз приватни куќи.

Властите поднесоа 71 кривична пријава за насилство за време на хиндуистичкиот фестивал Дурга Пуџа, потврди портпарол на полицијата во Бангладеш, додавајќи дека 450 осомничени лица се под истрага.

Би можело да ве интересира

Во Бангладеш гром уби 16 лица кои биле на свадба

Мери Јордановска

ВИДЕО: Поради циклонот Амфан евакуирани повеќе од 2,6 милиони луѓе во Индија и Бангладеш

А1он

Во Бангладеш изречена смртна казна поради напад на кафуле во 2016 година

Во Бангладеш од денга треска починале најмалку 40 лица

Најмалку 97 загинати во монсунските поплави во Бангладеш

ВИДЕО: Пожар во Дака, најмалку 70 лица загинаа