Во Бангладеш од денга треска починале најмалку 40 лица

Од:

Повеќе од 44.000 лица во Бангладеш годинава се инфицирани од денга треска, а само за еден ден, вчера, имало 2.100 новозаразени лица, јавија светските агенции.

Денга грозницата ја пренесуваат комарци и не може да се пренесе од човек на човек.

Властите во оваа азиска држава наведуваат дека во епидемијата досега починале најмалку 40 лица и дека болниците се преполни со инфицирани. Локалните медиуми, сепак, наведуваат дека досега од ова треска починале најмалку 100 лица.

Оваа смртоносна треска секоја година се јавува во Бангладеш во текот на сезоната на монсунски дождови, што трае до јуни до септември.

Оваа година во земјата е регистрирана една од најлошите епидемии, пренесуваат светските агенции.

Би можело да ве интересира

Се бара прогласување епидемија на Голема кашлица во Скопје, 18 случаи досега

Анита Петровска Рајковиќ

Белгија се соочува со епидемија на детски бронхиолит

Уапсени 450 луѓе во Бангладеш по напад врз хиндуисти

А1он

Во Бангладеш гром уби 16 лица кои биле на свадба

Мери Јордановска

Во Конго во моментов има епидемија на Ковид-19, чума и ебола

Жарко Настоски

Скопјанец собрал публика на турнир во мал фудбал, доби казна од 2.000 евра

Жарко Настоски