Најмалку 97 загинати во монсунските поплави во Бангладеш

Од:

Една од најголемите реки во Бангладеш, Џамуна синоѓа се излеа од коритото и поплави најмалку 40 села во северниот дел на земјата, поради што се раселени повеќе од 200.000 луѓе, додека во соседна Индија поради монсунските дождови домовите ги напуштиле околу шест милиони луѓе.

Според последните податоци, во две индиски држави Бихар и Асам настрадале 97 лица.

Се наведува дека во овие индиски држави обилните дождови и поплавите траат од минатата недела, поради што дури и дивите животни бараат засолниште во домовите на луѓето.

Еден возрасен тигар денеска е пронајден како спие во куќа која се наоѓала во близина на животински резерват.

Властите стравуваат дека ловокрадците би можеле да се обидат да ја искористат ситуацијата и за време на поплавите да почнат да ловат заштитени животни како што е еднорогиот носорог, вид од кој има само уште 3.500 примероци во целиот свет.

Би можело да ве интересира

Уапсени 450 луѓе во Бангладеш по напад врз хиндуисти

А1он

Во Бангладеш гром уби 16 лица кои биле на свадба

Мери Јордановска

ВИДЕО: Поради циклонот Амфан евакуирани повеќе од 2,6 милиони луѓе во Индија и Бангладеш

А1он

Во Бангладеш изречена смртна казна поради напад на кафуле во 2016 година

Во Бангладеш од денга треска починале најмалку 40 лица

ВИДЕО: Пожар во Дака, најмалку 70 лица загинаа